ЕкоПроект – Ко
Вистински избор за вашата иднина!
ЕКОПРОЕКТ – КО
ДПТУ ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО Кочани е друштво за производство, трговија и услуги, со основна дејност – обработка и отстранување на неопасен отпад.
Насочени сме кон зачувување на животната средина.
МИСИЈА
Намалување на количината на отпад од пакување, постигнување на високо ниво на негова повторна употреба, постигнување високо ниво на рециклирање и други видови на преработка на отпадот од пакување со цел поздрава и почиста средина за живеење.
ВИЗИЈА
Реализирање активности насочени кон подигање на јавната свест за штетноста на хартијата, пластиката и другите отпадни суровини врз животната средина, како и засилување на ефектите од ангажманот за зачувување на животната средина.
новости
Еко Пак Хит во новогодишна акција овој пат во подрачното училиште во г.Подлог
Информацијата е преземена од Радио Кочани.
М-р Биљана Митева со обраќање на дваесеттата редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион
На ден 26.02.2025 година, во Општина Зрновци на дваесеттата редовна Седница на Советот за развој...
Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување
Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно...
ДЕЈНОСТ
Дејноста – собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани ја врши врз основа на стекнатите дозволи на вршење дејност Собирање и транспортирање на комунален отпад, Вршење на дејност трговија со неопасен отпад и Вршење на дејност складирање и третман на отпад издадени и одобрени од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.
ЕКОПРОЕКТ-КО врши превземање на цврст неопасен отпад, отпадна амбалажа која се создава од предметното работење на клиентите.
Вршиме превземање на следниве материјали: користен стар најлон, хартија и картон, ПЕТ-пластика-ПП-ХДПЕ. ЕКОПРОЕКТ-КО доставува кеси, садови за селектирање на отпад на свој трошок и мерењето го врши на баждарена вага во својот склад, “Куќата на отпадот”.


