ЕкоПроект – Ко

Вистински избор за вашата иднина!

ЕКОПРОЕКТ – КО

ДПТУ ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО Кочани е друштво за производство, трговија и услуги, со основна дејност – обработка и отстранување на неопасен отпад.

Насочени сме кон зачувување на животната средина.

МИСИЈА

Намалување на количината на отпад од пакување, постигнување на високо ниво на негова повторна употреба, постигнување високо ниво на рециклирање и други видови на преработка на отпадот од пакување со цел поздрава и почиста средина за живеење.

ВИЗИЈА

Реализирање активности насочени кон подигање на јавната свест за штетноста на хартијата, пластиката и другите отпадни суровини врз животната средина, како и засилување на ефектите од ангажманот за зачувување на животната средина.

новости

Додека го читате ова, 50 000 алуминиумски лименки се произведени

Со рециклирање на стаклено шише заштедуваме енергија за работа на компјутер за време од 25 минути

НА ПЛАСТИКАТА И СЕ ПОТРЕБНИ 250 ГОДИНИ ДА СЕ РАСПАДНЕ

Со рециклирање на една алуминиумска лименка се заштедува енергија за работа на еден телевизор за 3 часа

Потребни се 24 дрва за да се добие еден тон хартија

80% од деловите на едно возило може да се рециклираат

ДЕЈНОСТ

Дејноста – собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани ја врши врз основа на стекнатите дозволи на вршење дејност Собирање и транспортирање на комунален отпад, Вршење на дејност трговија со неопасен отпад и Вршење на дејност складирање и третман на отпад издадени и одобрени од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

ЕКОПРОЕКТ-КО врши превземање на цврст неопасен отпад, отпадна амбалажа која се создава од предметното работење на клиентите.

Вршиме превземање на следниве материјали: користен стар најлон, хартија и картон, ПЕТ-пластика-ПП-ХДПЕ. ЕКОПРОЕКТ-КО доставува кеси, садови за селектирање на отпад на свој трошок и мерењето го врши на баждарена вага во својот склад, “Куќата на отпадот”.

ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО